Шилегов е најбогат градоначалник на најсиромашниот главен град на Балканот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Петре Шилегов во текот на својот мандат се стекна со луксузна хациенда во Маврово и ја реновираше неговата луксузна куќа во Карпош. Како Петре Шилегов со плата од околу 1.000 евра месечно направи луксузна вила во Маврово која во неговиот анкетен лист пишал дека вреди 55.000 евра. За 4 години Шилегов од плата, без да ја троши за било што може да собере 48.000 евра, пари кои нема да му стигнат ниту за правење на луксузната вила, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош воопшто не станува збор, а притоа Шилегов да не купувал храна, пијалоци, да не плаќал сметки, регистрации на возила, да не ставал гориво од свои пари итн. Дали и како Шилегов успеал да собере пари повеќе отколку што заработува? Од каде му е остатокот?, прашуваат од партијата.
Од таму додаваат дека Петре Шилегов со пријавен имот од над 1.300.000 евра, со 4 стана, трокатна луксузна приватна зграда, неверојатнo луксузна вила на Маврово, непријавени луксузни автомобили вредни околу 100.000 евра, е побогат од градоначалникот на Белград, но и од поранешниот градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, со речиси 20 години градоначалничка функција кој што неодамна го напушта стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.