Тоа што немаме жртви во нашата држава, наспроти случајот со Грција и Австралија, укажува на тоа дека системот функционира и со годините е се подобар, рече премиерот Зоран Заев во „Тема на денот“ на Сител зборувајќи за пожарите.
Системот функционира и секако со годините е се подобар и подобар. Прво, немаме жртви во државата како што гледаме во една Грција, загинаа луѓе што е жално, во една Австралија, на другите континенти исто така има жртви и огромни последици. Системите на помагање на Отворен Балкан, механизмот на ЕУ е наше право да го искористиме затоа што сме членка таму и впрочем стојат на располагање и нашите капацитети и на другите земји коишто ги имаме, изјави премиерот Заев за Сител.
Премиерот наведе дека општинските комисии за проценка се на терен, некои веќе завршија и чекаат седница на Совет да ги усвојат и достават кај нас.
Ние имаме 100.000 милиони денари само за оваа работа во буџетот предвидено. Тоа се традиционално буџетски резерви кај нас за оваа работа, рече Заев.
Comments are closed for this post.