Со негативен ПЦР тест ќе може да се влегува и излегува од државата, ова е една од новите мерки за која утринава било разговарано на состанокот на Комисијата за заразни болести, а утре ќе се разговара и на седница на Владата.
Негативен тест нема да имаат потреба да приложат оние кои ќе имаат потврда за прележан ковид или дека се веќе имунизирани.
Дополнителна мерка за која утре ќе се расправа на Владата, а тоа е за влез и за излез во нашата земја на сите граѓани без разлика дали се наши државјани или странци и за влез и за излез да биде барана потврда за вакцина или негативен ПЦР тест или доказ дека ја прележале болеста, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За мерката ќе се разговара утре, вели министерот, а кога ќе се имплементира ќе се одлучи дополнително со оглед дека многу граѓани се надвор од земјата во овој момент.
Comments are closed for this post.