Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ а истакна дека на Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата.
– И околу Западен Балкан, и околу Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата, додаде Милановиќ.
Comments are closed for this post.