Светот каков што го знаеме постојано се менува особено за време на пандемијата која што не снајде. Еден од основните двигатели на промените на економско и општествено ниво е дигиталната трансформација.
Денеска половина од светската популација е на интернет, третина на социјалните мрежи а повеќе од половина поседуваат мобилни телефони.
Лидер во дигиталната економија е Кина со над 40 проценти од глобалните транскации.
Ова беа главните теми на денешната онлајн промоција на книгата „Дигитална трансформација-иднината“ во издание на Центарот за стратегиски истражувања и анализи.
Ова издание секако ги носи поблиску во дигиталната зелена иднина Кина и нашата земја.
На промоцијата говореа амбасадорот на Народна Република во Кина, г-дин Жанг Зуо, Др. Владимир Петковски, Елизабета Џамбаска а за зелената трансформација говореше Др. Маргарита Матлиевска.
5G мрежите претставуваат основа за дигиталната зелена економија а тоа убаво го објасни д-р Иван Петров.
Се разбира дека важно поле е и заштита на приватноста и личните податоци а на нив се осврна др. Зоран Гацовски.
Comments are closed for this post.