Министерот за здравство Венко Филипче објаснува дека нашиот „грин пас“ или Ковид-19 пасош за патување во странство ќе биде спремен од почетокот на следната недела.

-Тоа е пас кој електронски преку QR (Кјуар) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три податоци – податок за вакцина, односно ревакцина и типот на вкацината, ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно ПЦР тестирање, и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест, појасни Филипче.

 

ЕУ вчера објави дека овие „грин пасови“ или ковид-пасоши ќе го олесни патувањето за време на летната туристчка сезона и оти они кои не се вакцинирани сепак ќе може да патуваат со ПЦР тест.

Секоја земја исто така има право да признава или да не признава одредени пасоши па и они кои не се одобрени од ЕУ како руската и кинеската.