Франција планира наскоро да го укине задолжителното носење маски на отворено, најави министерот за здравство Оливие Веран.
Тој не прецизираше датум, но најави дека наскоро ќе се стигне до тоа ниво зависно од процентот на имунизација.
„Кога сте надвор, во центарот на еден голем град, со многу продавници, ќе чекате во редици, ќе јадете, ќе среќавате луѓе итн. Таму, сè додека немаме соодветно ниво на покриеност со вакцинацијата, се чини, повнимателно е да се одржи обврската за носење маска“, изјави министерот во интервју за БФМТВ.
САД веќе ја укинаа препораката за носење маски на отворено на оние што се вакцинирани, но за ваква мерка француските власти се резервирани и велат дека не сакаат да брзаат.
Од европските земји, неодамна олеснување на мерките за вакцинираните и оние што прележале веќе воведе Германија. Таму, овие категории граѓани се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, од забраната за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.
Comments are closed for this post.