Бугарската Влада во оставка гласаше за продолжување на вонредната состојбаво државата поради епидемијата со Ковид-19. На состанокот на Советот на министри, пренесуван во живо на Фејсбук, беше одллучено таквата состојба да се продолжи до 31 мај.
Министерот за здравство Костадин Ангелов изјави дека Бугарија успешно излегува од третиот бран на коронавирусот. Тој посочи дека постои тенденција да се намали бројот на хоспитализирани, починати и новоинфицирани.
Според него, процесот на вакцинација се одвива со исклучително добро темпо и ситуацијата е добро контролирана на национално ниво. Ангелов исто така најави дека наредба ќе биде издадена денеска, со што ќе се воведат трите начини за влез во земјата (Првиот е со потврда за вакцинација, со негативен ПРЦ тест и третиот со документ дека е прележан вирусот во изминатите 6 чесеци). Целта е да се олесни работата на тур-операторите.
На состаноткот беше одлучено и за нови награди за медицинскиот паерсонал кои се вклучени во борбата за спречување на пандемијата.
Comments are closed for this post.