Научниците во Шпанија не пронашле докази за зголемено ширење на коронавирусот меѓу посетителите кои минатиот месец присуствувале на големиот експериментален концерт.

Шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена после концертот во Барселона, но инциденцата била помала од онаа во општата популација, пишува Би-Би-Си.

Околу 5.000 љубители на музиката присуствувале во експериментот после што добиле негативен тест на коронавирус. Носеле маска, но не морале да одржуваат меѓусебна дистанца.

Од шест лица кои се заразиле на концертот, науниците заклучиле дека четворица се заразиле на друго место, а не на самото случување.

 

Борис Ревољо, вирусолог кој учествувал во дизајнирање на безбедносниот протокол во арената Палау Сант Јорди, рекол дека не може категорички да исклучи дека другите две лица се заразени за време на концертот, но постои голема веројатност дека преносот се случил на друго место, пренесува Радио Сарајево.

-Мерките кои ги спроведовме беа навистина сигурни, додал тој.

Сличен дводневен експеримент се одржал и во Холандија во март, а на него учествувале околу 1.500 луѓе.

Извор: Нова.рс