Унгарија ја поддржува визната либерализација за граѓаните на Косово, истакна унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер.
Визната либерализација би била добра, не само за Косово, туку за целиот регион, но и пошироко – истакна Пинтер на средбата со косовската министерка за европска интеграција, Дурата Хоџа.
Косовската министерка, на средбата, добила и уверување дека Косово ќе ја добие сета неопходна помош на патот кон остварување на таа цел.
Comments are closed for this post.