Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи редовната 67-ма седница, со повеќе точки на дневниот ред.
На седницата, министрите ќе расправаат по Записникот од Триесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 26 април 2021 година.
На предлог на Генералниот секретаријат на денешната седница ќе биде разгледана Предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2022 година, кои се вградуваат во Годишната програма и Буџетот на Република Северна Македонија.
На дневен ред за разгледување на редовната седница е и Нацрт – Годишниот извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за 2020 година за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за периодот јануари – декември 2020 година, како и Нацрт-Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2021 година, предложени од Министерството за финансии.
На оваа своја седница Владата ќе го утврдува текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.
Агенцијата за млади и спорт на седницата ќе ги презентира информациите за проектот „Вложување во Младински центри, инфраструктурно и програмски“, за регистар на младински организации, и Информацијата за инклузивно вклучување на лица со попреченост во сите сегменти на спортот.
Comments are closed for this post.