Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, ја коментираше денешната одлука на Има таков народ за функцијата премиер да ја предложи Антоанета Стефанова, која веднаш треба да го врати мандатот.
-Ете, тоа се вика „политички плашливец“! Плашливец е оној, кој со 165 гласови поддршка, вели дека му се недоволни и му требаат 240. Со сета почит кон Антоанета Стефанова, но ако таа е премиер дали за се ќе оди да го прашува пратеникот Трифонов? Не знам, мене ми беше важно да ги видам нивните министри експерти, исто како што ги покажавме ние, изјави Борисов пред почетокот на средбата со неговите министри и експерти посветена на Планот за обнова и развој по пандемијата од Ковид-19.
Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова одлуката на Има таков народ ја оцени како бегство од одговорност. Според неа, аргументите на лидерот Слави Трифонов дека немаат поддршка во парламентот се нелогични, зашто досегашниот процес покажал целосна поддршка за Има таков народ.
Comments are closed for this post.