Денеска во скопската сала „Борис Трајковски“ почна имунизацијата на пратениците во македонското Собрание. Вакцинацијата почна во 10 и треба да трае до 18 часот.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека македонските пратеници ќе се вакцинираат со руската вакцина „Сптуник В“.
Талат Џафери, претседателот на Собранието изјави дека тој ги пријавил за вакцинација сите 120 пратеници, а нивно право е да решат дали ќе се вакцинираат или не.
Comments are closed for this post.