По денешното апсење на Слободан Кашчелан, кој се смета за водач на озгогласениот Кавачки клан црногорската полиција трага и по неговиот заменик Радоје Звицер. Претресена е куќата на Звицер во Котор но никој не бил пронајден.

Во следните денови се планира широка акција во повеќе европски земји откако полицијата добила сознанија дека Звицер повеќе не е во Украина.

Таму Звицер се криеше со неговата сопруга Тамара а преживеа и атентат од страна на ликвидаторот Стефан Ѓукиќ ангажиран од Шкањарците кој при тоа беше со македонски пасош.