Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на земјава.
-На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија. Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството, информираат од Кабинетот на Пендаровски.
Претседателот ја истакнал важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.
Comments are closed for this post.