Истрагата за случајот „Двојник“, ќе се прошири.Нема толеранција за ниту еден, кој сака нека е тој, и во структурите на МВР и во државата генерално, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со за случајот каде имаше злоупотребување при издавање на пасоши.
Тој нагласи дека процесот на истрагата ќе покаже како и на кој начин тие се правеле.
Ние како МВР отворивме посебна криминалистичка обработка која се однесува на вработени, и сегашни и поранешни, кои во одреден момент ваделе документи и ги давале во опозицијата или во медиумите. Не е ова само за пасошите, туку и за други документи. До сега имаме прибрано многу податоци и ќе знаеме кој на каков начин вадел документи и затоа секој мора да размисли какви постапки прави., Не вреди да земате плата од граѓаните, да се заколнете дека ќе почитувате Устав и закони и тоа нешто да го погазите заради партиски интерес или интерес од криминални и бизнис понуди.“- откри Спасовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поднесе обвинение против 11 луѓе за случајот со злоупотреби при издавање пасоши, соопшти Обвинителството. Обвинителство бара МВР да утврди кои луѓе од Министерството според хиерархија биле обврзани да вршат надзор врз издавањето на пасошите, вклучително и на овие спорни пасоши.
Comments are closed for this post.