Имам информација дека околу 10.000 македонски државјани заминале да се вакцинираат во Србија, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по пристигнувањето на новата донација руски вакцини „Спутник В“ од Србија.
Контактирав со српскиот министер Златибор Лончар и го замолив да ми ги достави податоците во електронска форма, со цел да ги внесеме граѓаните во листата на вакцинирани и да им овозможиме ревакцинација. Во поглед на смртноста од ковид-19, има земји со многу поголема смртност од нашата, а такви се Бугарија и Словенија, на пример. Расте смртноста и ние не сме исклучок. На пациентите им пристапуваме максимално професионално, рече министерот.
За донацијата од 20.000 вакцини „Спутник В“ од Србија, Филипче рече дека со нив ќе се вакцинираат вработените во МВР, во АРМ, во јавниот транспорт, вработените на патарините…
Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија, истакна Филипче, додавајќи дека вакцинацијата ќе се врши во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде има 48 позиции и се планира дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица.
Масовната вакцинација со „АстраЗенека“ за лица над 77 години почна вчера во земјава, и вчера беа вакцинирани 730 граѓани.
Во земјава досега се вакцинирани над 7 илјади граѓани со „Фајзер“, „спутник“ и „АстраЗенека“.
Comments are closed for this post.