Имам информација дека околу 10.000 македонски државјани заминале да се вакцинираат во Србија, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по пристигнувањето на новата донација руски вакцини „Спутник В“ од Србија.

Денеска пристигнаа 20.000 вакцини „Спутник В“, донација од Србија. Со ова обезбеден е континуитет на процесот на вакцинација со можност за проширување на групите кои ќе бидат опфатени со имунизацијата.

Голема благодарност до Република Србија, до претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ за оваа втора донација од вкупно 40.000 вакцини-рече Заев.
Со овие бројки претседателот на Србија има вакцинирано повеќе македонски граѓани од владата на Заев.