Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги поздрави напорите што, како што рече, биле направени за одблокирање на работата на Собранието, но, требало во нив да биде вклучен и тој како претседател затоа што треба да ги спроведе сите процедури во институцијата. Во однос на Законот за попис и измените на Изборниот законик рече дека не знае кога бидат донесени, бидејќи, како што нагласи, мора да бидат запазени сите постапки. Информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието.
– Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор или внатре во институцијата. Ги поздравувам одлуките што едногласно се изјаснија дека се за одблокирање на работата на Собранието. Најпосле го поздравувам и фактот што знаат дека е направена намерна или ненамерна гршка, иако јас ќе ја сметам за ненамерна, за фактот што во сите работи и математики требало да биде присутен претседателот на Собранието, кој што тие одлуки да ги спроведе институционално во Собранието низ процедурите, рече Џафери на прес-конференција, што ја одржува додека е во тек координација на пратеничките групи кои треба да се договорат за диманиката и начинот на работа.
Претседателот на Собранието појасни дека координацијата ја свикал како резултат на изјави дека партиите се усогласиле.
– Свикав вонредна координација, на која прсустував до сега и која ќе продолжи по оваа прес-конференција, за да можам да ги кажам своите ставови во однос на процедурите и можното спроведување на она што било договорено дел надвор, дел овде во институцијата, рече Џафери.
Тој истакна дека ги добил измените на Законот за попис и на Изборниот законик, кои ги најавиле од Владата и група пратеници.
– Од формален аспект ги вратив до предлагачите. Се надевам дека во текот на денот ќе ги вратат со исправки и дополни со кои треба да бидат уредени предлозите и соодветно да се пуштат во соодветна парламентарна процедура, нагласи Џафери.
На денешната координативна средба со Џафери, присуствуваат потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбр Адеми, на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, Кастриот и Димитар Апасиев од Левица.
Comments are closed for this post.