Спикерот на парланентот Талат Џафери на прес – конференцијата што ја одржа по средбата со координаторите на пратеничките групи изјави дека не може да даде одговор на прашањето дали денеска ќе бидат донесени измените во Законот за попис, со ќе биде одложен пописот кој требаше во земјава да започне утре.
„Самите преговарачи признаа дека можеби беше грешка што и јас не бев присутен на тие разговори. Последиците од роковитет не се одговорност на Собранието. Секоја одлука, неспорна каква и да е, треба да ги следи процедурите во парламентеот, зашто тие не можат да зависат од начинот на таквите преговори. Попрецизно, овде не можеме да работиме и да одлучуваме само според партиски договори”, рече Џафери.
Тој ја објасни процедурата за одложување на пописот:
„Законот ќе дојде денеска тука, и ќе се изгласа потребата од скратена постапка, потоа ќе оди на комисија. Јас не можам однапред да кажам дека комисијата ќе се одржи за еден час, и дека веднаш ќе добијам извештај и дека во текот на денот ќе продолжам со седницата. Предлогот кој е со европско знаме, оди на комисија за европски прашања, со оглед дека и основниот закон е така донесен”.
Џафери нагласи дека истиот одговор може да го даде и во однос на измените на Изборниот законик бидејќи, како што нагласи, мора да бидат запазени сите постапки. Информира дека од формален аспект предлозите ги вратил до предлагачите, од каде очекува во најбрз рок да ги вратат повторно во Собранието.
„Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор или внатре во институцијата. Ги поздравувам одлуките што едногласно се изјаснија дека се за одблокирање на работата на Собранието. Најпосле го поздравувам и фактот што знаат дека е направена намерна или ненамерна гршка, иако јас ќе ја сметам за ненамерна, за фактот што во сите работи и математики требало да биде присутен претседателот на Собранието, кој што тие одлуки треба да ги спроведе институционално во Собранието низ процедурите“, рече Џафери на прес-конференцијата.
На денешната координативна средба со Џафери, присуствуваа потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбр Адеми, на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, Кастриот и Димитар Апасиев од Левица.
Comments are closed for this post.