Министерот за здравство Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи со пораки дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна за лицата што се вакцинираат од утрово (над 77 години), како и дека нема простор за паника.

-Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада од вчера се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години. Исклучително ретки случаи на посериозни тромботични несакани ефекти од Астра Зенека засега се појавиле само кај помладите од 60 години. Статистички, само 1 случај на 125 000 вакцинирани до 1 на 1 милион вакцинирани појавил вакви ефекти, што значи дека нема простор за никаква паника. Заради претпазливост, бидејќи сакаме да сме сигурни, засега нема да почнеме со вакцинација на помлади граѓани од 60 години со оваа вакцина до следните конкретни препораки од регулаторите и производителите, потенцира Филипче

👉 Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја започнавме вакцинацијата. Сите…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, March 31, 2021