Од понеделник ќе се вакцинираат полицајци, војска, новинари, судии, возачи во ЈСП, пожарникари

30.03.2021 / 13:24


Национална техничка група за имунизација против Ковид 19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здраввство.

За оваа категорија ќе бидат издвоени вкупно 4.000 вакцини од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање, велат од МЗ.

Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Досега во земјава се вакцинирани 7.005 лица, односно, здравствени работници од Ковид-центрите. Министерството сѐ уште нема податоци колку македонски граѓани се вакцинираа во Србија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

До Нова година ќе се возиме по клучката кај Момин Поток

пред 17 часа
Македонија

Гостивар утре ќе добие техничка вода

пред 17 часа
Македонија

Мицкоски: Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија

пред 17 часа
Македонија

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри

пред 2 дена
Македонија

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност

пред 2 дена
ТВРДИ ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ веднаш да побара одговорност од градоначалникот на Гостивар Лимани

пред 2 дена
Македонија

Зошто летаа само македонски покриви?

пред 3 дена
Македонија

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките

пред 3 дена
Македонија

На СДМ му пречи со АХВ ги казнува гостиварските угостители доколку не користат прибор за една употреба

пред 3 дена
Македонија

За шест месеци Скопје ќе ги добие првите електрични автобуси

пред 3 дена
Jojobet GirişJojobetPusulabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetCasibomCasibomCasibomjojobetbetwooncasibomgrandpashabetgrandpashabetbetcio giriş