Германската канцеларка Ангела Меркел во неделата побара од германските сојузни држави да се придржуваат кон договореното заострување на мерките во борбата против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на заразени лица.
Меркел во неделата вечерта рече дека некои земји не ја следат т.н. „сопирачка за итни случаи“, која државите се согласија да ја активираат по голем број инфекции.
„Треба да ги спроведеме вистинските мерки со голема сериозност. И некои земји го прават тоа, други не”, рече Меркел во интервјуто емитувано од германската телевизија АРД.
Таа ги повика тие држави да ги сменат плановите за отворање и спроведување на мерки како што се построги ограничувања на социјалните контакти, полициски час и барања за работа од дома.
Германија доживува сериозен трет бран на зараза активиран од британскиот вид коронавирус.
Но, федералната влада и 16 држави во земјата сè повеќе се расправаат за тоа како да се заузда. Имено, некои земји каде што стапката на инфекција е помала, одбиваат да се вратат во построгата блокада.
Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ во неделата забележа седумдневна инциденција од 129,7, што е значително повеќе отколку во петокот кога инциденцијата сè уште беше 119,1.
Comments are closed for this post.