Додека колони на возила викендов на Табановце, полни со македонски граѓани кои спасот од ковид-19 го најдоа во српските вакцини и гостопримливост, уште еднаш ја потврдија неспособноста на македонските власти, денеска доаѓа нов скандал поврзан со највисоките функционери од владата.
Како што пренесува албанскиот полтар „Њуз 1“, меѓу функционерите кои преку ред и пред приоритетните граѓани ги искористиле малкуте вакцини кои Македонија ги поседува се министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби.
Гласини за ВИП-Вакцинација има и на Балканот, а последните денови такви информации доаѓаат и од Македонија, која е негативен лидер на црните ковид-статистички листи на светско ниво, според бројот на заразени и починати. Земјата истовремено ја тресе скандал и за сомнителни обиди за набавка на вакцини преку посредници за дупло повисока цена. Во оваа земја се шпекулира дека ВИП-Вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби, пишува порталот.
Порталот додава дека Македонија е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица и дека сега излегува и информацијата дека и тие малку вакцини се потрошени и не се знае кога ќе дојдат следните.
Comments are closed for this post.