Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Вили Берош и претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ беа вакцинирани јавно пред ТВ-камерите денес во 9 часот.
Триото беше вакцинирано со вакцината на „АстраЗенека“ во Бански двори.
Со тоа, тие им се придружуваат на многу европски официјални лица кои сакаат да ги отфрлат сомнежите за квалитетот на вакцината.
Минатата недела словенечкиот државен врв беше вакциниран со вакцината на „АстраЗенека“ со цел да се врати довербата на другите граѓани во таа вакцина.
Comments are closed for this post.