Попишувањето на дијаспората се се сведе на попишување на Албанците. Од 130.000 досега попишани надвор од територијата на Македонија најголем дел се Албанци бидејќи Македонците го бојкотираат пописот.
Најмногу попишани се во Швајцарија, Германија и Италија, а масовен бојкот има кај Македонците во Австралија, САД и Канада.
Македонците сметаат дека ова е политичка операција а не статистичка која Заев мора да ја спроведе како дел од договорот со Али Ахмети со цел вештачки да се напумпа бројот на Албанците како во Македонија така и во дијаспората.
Згора на тоа министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот целосно се вклучени во агитирање Албанците што помасовно да се вклучат во попишувањето.Тие агитираат во Албанија, Косово, Швајцарија и ги повикуваат да се регистрираат.
Како се одвива регистрацијата покажува и фотографијата од Дортмунд каде во еден дом на културата собрани се поголем број на Албанци со компјутери а во регистрацијата учествува и локалниот имам во џамијата.
Браво за емиграцијата во Дортмунд што помага-стои во објавата.
Comments are closed for this post.