Бугарија е на второ место во светот по смртност од Ковид-19 по Мексико и, соодветно, прва во Европа, јавија бугарските медиуми пренесувајќи податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Потенцирано е дека рангирањето се заснова на бројот на смртни случаи на 100 заразени со коронавирус или на 100.000 жители, односно земјите на врвот на рангирањето имаат најмногу жртви во однос на заразените со  Ковид-19 или популацијата, но не задолжително е да има најмногу смртни случаи во апсолутен број.