Во емисијата „Само вистина“ гостуваше Павле Богоевски кој што во своето гостување посочи дека не очекува, но се надева дека Рашковски побргу ќе се врати во Македонија и да се разреши скандалот за софтверите.

-Очигледно е дека по другите случаи имаме сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, поготово во случаите со висока корупција. Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив за органите на правдата. И мислам дека ова ќе биде уште еден многу добар тест за нашите институции, нагласи Богоевски.

Богоевски додаде дека треба многу внимателно да се следат институциите како ќе постапат во односот на висок корупција со колкава темелност и ефикасност ќе ја водат целата постапка.