Германските лидери ги искажаа своите ставови за руската вакцина за весникот на медиумската група „Функе“.
„Русија е голема научна држава, нималку не се сомневам дека руската наука е во состојба да направи ефикасна вакцина. Вакцината мора да биде одобрена“, рече премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер.
Во исто време, премиерот на германската држава Саксонија-Анхалт Рајнер Хазелоф смета дека дека одлуката за одобрување на Спутник V останува на Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Но суштината е една – во борбата против ковид-19, ние ги поздравуваме сите вакцини што се безбедни и функционираат, и на тој начин ќе помогнат да се надмине пандемијата“, рече тој.
Хазелоф додаде дека прашањето за потеклото на вакцината не е важно, бидејќи станува збор за здравјето на луѓето.
„Како дете примив руска вакцина против детска парализа и немам никакви проблеми“, рече тој.
Од своја страна, шефот на Тирингија Бодо Рамелов смета дека германската влада би требало да изврши поголем притисок за да добие повеќе алтернативни вакцини и дека зависноста од вакцината Астра зенека ја ослабува стратегијата за вакцинација.
„Затоа е важно конечно да се разгледа темата Спутник V“, истакна тој, додавајќи дека одлуката за одобрување или одбивање на вакцината не треба да има политичка природа.
Европската агенција за лекови ја почна проверката на руската вакцина на 4 март. Извор запознаен со процесот рече дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај.
Вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина во светот против коронавирусот.
Comments are closed for this post.