Кипар одлучи привремено да паузира од употребата на вакцината на британско-шведскиот производител „Астра Зенека“. Властите одлучија да ги почекаат официјалните заклучоци на Европската агенција за лекови (ЕМА) по состанокот што ќе го одржат в четврток.
Кипарското Министерство за здравство, како што јавува МИА, ја активираше суспензијата до 18 март, додека пак процесот на имунизација со другите вакцини продолжува понатаму.
Вакцинацијата со вакцините од производителите ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ продолжува понатаму, велат властите.
Објаснуваат дека денеска било одлучено привремено да се прекине вакцинацијата со конкретната вакцина, во исчекување на мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА) која разгледува низа случаи на тромбоза кај лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.
Неколку земји членки на Европската унија одлучија да го направат истото. Франција, Италија, Германија ја ставија во мирување вакцинацијата со „Астра Зенека“.
Comments are closed for this post.