Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма ги отфрла обвинувањата за незаконско работење со офшор посредниците за набавување вакцини од Кина.

Обвинувањата од опозицијата се во континуиетет. Сметам дека луѓето сакаат да ги пресликаат работтите што тие ги правеа. Таков начин како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега нема. После иницијалните обиди да стигнеме до прозводителите и не успеавме, од нашите кинески компании тука добивме препорака како да стигнеме до произвоидтелите. И стигнавме до нив, разговаравме и за количините и за времето на транспорт. После известувањето на тамошното министерство ни беше укажано дека не е тоа патот по кој треба да се оди и ние тоа го испочитувавме. Какви провизии кога ние сме направиле уплата и таа е вратена. На опозицијата и смета тоа што ние навистина работиме и добро сработуваме, смета Филипче