Обвинителката Вилма Рускоска се побуни како доказ да биде изведен извештајот на МВР од операцијата „Платформа“ на денешното рочиште за случувањата на 27 април. Таа сметаше дека тој извештај не е поврзан со обвиненијата против Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Судијата Илија Трпков сепак дозволи доказот да биде презентиран и изведен.
Во извештајот на ОШ на МВР, кој бил изготвен на 27 април, се наведува дека нема дојдени од други градови.
-Суштината е дека МВР констстирало дека нема организиран превоз, рече Јанакиески.
Рускоска во обвинението тврди дека токму Јанакиески и Ристовски ги организирале протестите и носеле граѓани од други градови.
Comments are closed for this post.