Угостителите го подготвија предлог-протоколот за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови, кој ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, било договорено на средбаta со вицепремриот Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Пауновски.
Од 15. март 2020 имаме забрана за свадби, крштевки…Броиме финансиски загуби за режиски трошоци.Очекуваме доколку за скоро време не се дозволи наше отворање – да дојдеме до стечај, вели Марија Синадиновска Арсовска, Иницијативен одбор на ресторани за организирање настани во Студио 10 на ТВ24.
Над 6.000 луѓе работат во оваа дејност, ова е комплексна индустрија, во која сме засегнати. Направивме серија протести, пред владата гостин ни беше министерот Битиќи, побаравме средба. Побаравме дозвола за отворање, побаравме и времен протокол за свадби и организирани настани кои вклучуваат музика и поголем број на луѓе. Едно од барањата беше безусловна поддршка за придонеси и плати за вработените, и за последното барање ни беше да добиеме грант помош. Ако имаме сала за 500 гости, можеме да направиме организирана веселба со 250 гости, би се запазиле протоколите. Спорен е моментот што немаме добиено датум со временска динамика за отворање на нашите капацитети. Ги ставаме во заблуда сите младенците од минатата година, но и новите на кои не можеме да им дадеме насоки“ , вели Синадиновска Арсовска.
Comments are closed for this post.