Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска го повикаа и вицепремиерот  за борба против корупција Љупчо Николовски да се позанимава со јавно признаениот криминал при докапитализација на Еуростандард банка и да преземе активности.

Оштетените штедачи, како што велат ги чекаат и одговорите од гувернерката Анита Ангеловска Бежоска како и од другите државни институции.

Тие денеска објавија и цитати од јавната седница на Уставниот суд, на којашто се разгледуваше иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Според нив, дека треба да се оценува уставноста на членот од Законот за банки, најдобро може да се види од излагањето на судијата д-р Дарко Костадиновски, кој ја поддржа иницијативата.

– Во неговото иизлагање можеме да видиме обид за спречување на продолжувањето на криминалот и корупцијата на еден систем кои се една од главните причини за толку лошиот индекс мна перцепција на корупција за земјава – велат оштетените штедачи.

Костадиновски во своето излагање пред уставните судии вели дека Уставниот суд треба да пристапи кон разгледувањето на иницијативата и да поведе постапка и да стави времена мерка.

Тој се повикува на членови од Уставот во кои се гарантира солидарноста, еднаквоста , заштитата на сопственоста  и имотите на граѓаните  кои се повредени во случајот во кој се бара испитување на уставноста на членот од Законот за банки.

Судијата вели дека оспорената одредба има повеќедимензионална повреда на еднаквоста како Уставно начело.

– Првата е нееднаквоста на фондот наспроти сите други доверители поради приоритетот што му се дава на фондот. Втората димензија е нееднаквоста помеѓу физичките лица со депозити до 30 000 евра и тие со депозити над 30 000 евра.Третата димензија на нееднаквоста е помеѓу фондот, физичките лица до 30 000 евра и правните лица – вели Костадиновски .

Според судијата, оспорената одредба од членот 163 став 3, не ги задоволува и не е во согласност со  принципите на право и праведност. Нити е праведна, нити е правичн а не е содржана ни социјаната правда и солидарноста

– Фондот функционира на принципот на солидарност. Сите банки и штедилници по закон плаќаат премија од 0,7% на вкупните депозити годишно. Значи сите членки на фондот се солидарни. Солидарни се и штедачите со депозити над 30.000 евра, но во случај на стечај, како што имаме денес, солидарноста е еднонасочна. Фондот си ги наплаќа побарувањата, штедачите со депозити до 30.000 евра ќе бидат обесштетени, а оние со над 30.000 и правните лица, за нив не важи принципот на солидарност. За мене ова е неприфатливо. Уште повеќе што фондот со првенството за наплата, наплаќа два пати. Со години наплаќа премии за осигурување и во најмала рака, барем да го одземе тој дел што го наплатил од банката на име премии, тој целиот износ го побарува.Принципот на солидарност како темелна вредност може и поинаку да ја гледаме. Зошто фондот да биде прв во редот за наплата? Зошто да не биде последен? На тој начин тој ќе ја исполни целта на своето постоење, да внесува доверба и стабилност во банкарскиот систем. Може да се постави и поинаку прашањето. Зошто фондот воопшто да побарува? Зошто не се откаже од побарувањата?- вели тој.

Судијата не се согласува ниту со аргументот на владата ниту на колегите што кажаа фондот има специфичен статус и ако нема првенство во наплатата ќе се доведе под прашање стабилноста на банкарскиот систем итн.

– Законот на фондот му дал основ да располага со најмалку 4% од вкупните депозити во државата во секој момент. Што значи дека тој може, не најмалку 4 или да ги доведе на 5,25% како е, никој не му брани на фондот висината на средствата да ги доведе до 20%. Кој му брани да влева сигурност во поредокот? Зошто ги држи на толку ниско ниво? 5,25. Зошто фондот ја намалува каматната стапка на премиите што ги наплаќа, од 0,7 па ги намалил на 0,5 и сега во моментот ги намалил на 0,25. Зошто? За да ги збогати банките? За да им остави повеќе пари на банките? Малку печалат и сега дополнително и фондот? Така ли ќе ја гарантира сигурноста во банкарскиот сектор? Не може ризикот, кажав и на минатата седница, значи не може ризикот во ваков несакан настан каков што се случи, да падне целосно на товарот на штедачите и на правните субјекти. Фондот функционира на принципите на осигурителна компанија и тој треба да биде свесен за ризиците врзани со начинот на работа и уште повеќе врзани со начинот на функционирање на регулаторот, кој е Народната Банка, кој дефинитивно без никакви делими потфрли во овој случај- вели тој.

Според судијата, доколку штедачите бидат обесштетени во целост, сите, тие утре повторно ќе бидат штедачи во некоја банка, на нивните штедни влогови фондот повторно ќе наплаќа премии, што значи дека повторно ќе собира пари за идни несакани ситуации. Значи сето тоа се аргументи за неприфатливиот аргумент зошто фондот се става во специфична правна положба визави сите други.

-За мене е неприфатливо правото на фондот на побарување, па уште помалце на приоритетот да биде посилно од сопственичките права на штедачите. Тука според мене се повредуваат и други базични начела, нема ни пропорционалност, нема ни сразмерност, и да завршам, мој став е дека устаниот суд, во толкувањето на одредени Уставни норми, секогаш треба да пристапува низ призмата на целовитоста на Уставот, и толкувањето мора да биде во согласност со највисоките Уставни вредности, начела и гаранции.За мене не постои дилема дека серија Уставни вредности, начела и гаранции се повредени со начинот како е уредена оспорена одредба. Ќе се согласам со дел од дискусиите на претходните колеги, да, можеби нема да го доведам во сомнеж дали се повредува еднаквоста пред законот, меѓутоа нашиот Устав во членот 9 вика „граѓаните треба да бидат еднаки пред Уставот и пред законите. Што е многу важна разлика, многу важна разлика.За мене граѓаните во овој случај не се еднакви пред Уставот! – е сатавот на судијата Костадиновски.