Aлбанскиот премиер Еди Рама, околу можноста да се одвојат Скопје и Тирана сега кога Македонија е блокирана од страна на Бугарија, ја потенцира својата поддршка за земјава и изрази надеж дека лидерите во Скопје и Софија „ќе покажат мудрост и ќе го надминат спорот“.

– Кога ќе се материјализираат конкретните чекори, како првата меѓувладина конференција, не е всушност до нас. Живееме во различни времиња. Не се ова најдобри времиња за нас во регионот, изјави Рама одговарајќи на прашањето за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија пред неговите соговорници високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Рама, исто така, посочи оти кога дознал дека идентитетските прашања се покренати во процесот на преговори за Македонија, тој бил „ужаснат“.