Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Сите обвинети се прогласени за виновни за дејствијата опишани во обвинението.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години.
Поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски е осуден на 6 години.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на 4 години.
Владимир Варелов од УБК е осуден на
Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во бегство, е осуден на 15 години.
Вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, кој е во бегство, е осуден на 15 години.
Надица Николиќ е осудена на 3 години.
Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.
Comments are closed for this post.