Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер зборуваше за тоа какво е да се биде лидер на опозиција кога во земјата од почетокот на пандемијата до денес се стигнати 2.000 вакцини против КОВИД-19 како донација. Тој истакна дека срам му е да збори затоа што ситуацијата во државата е катастрофална.

-Од почетокот на пандемијата имаме добиено 2.000 вакцини против КОВИД-19 кои што се добиени како помош, катастрофално, како човек, како педагог срам ми е да зборувам. Јас вчера и на една моја изјава го повикав колегата, Филипче е мислам доцент ,престани доста те валкаат со нивните глупости и неспособност. Не знам која е цената што тој мора се ова да го трпи, не ми е јасно што треба уште да направи за да ја дозагуби таа чест, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дообјасни дека и една година потоа власта и Филипче ја продаваат истата приказна дека се е под контрола.

-Една година подоцна Филипче вели работа е под контрола, ама некој така им рекол, кажувајте така треба да се зборува, додаде Мицкоски.