Јулијана Величковска, македонски писател, преведувач и издавач и долгогодишен организатор на Меѓународната манифестација „Поетски ноќи во Велестово“ на социјалните мрежи ги сподели своите ставиви во врска со резултатите од Годишната програма за култура.
Кон резултатите од годишниот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2021 г.
Веќе долги години носам во себе една мисла, една визија и чувствувам силна потреба од постоењето на интернационален поетски фестивал овде, во Скопје, во главниот град. Наспроти наводните напори на Министерството за култура за деметрополизација на културата (за што сум зборувала и би можела уште да зборувам во друга прилика), овој пат се работи за проект што треба и мора на својата културна мапа да го има еден главен град на една земја со издржана и квалитетна културна стратегија.Зад оваа идеја стоиме заедно со Ѓоко Здравески. Јас со 13-годишното искуство организирајќи ја Поетската ноќ во Велестово, тој со искуствата од организирањето 40 изданија на Астални проекции. И двајцата полни со искуства од гостувања на бројни фетивали во Европа. Во тимот ни се придружија и Ана Голејшка-Џикова, Биљана Стојановска, Ива Дамјановски, Снежана Стојчевска, Владимир Мартиновски и уште многу други пријатели и, секако, добивме поддршка од тимот на МКЦ ― Скопје.Сакавме нашиот фестивал да биде забавен и поинаков, поезијата, музиката и визуелното не само да се инспирираат меѓу себе, туку и директно да се поврзат на самата сцена, така што понудивме настани како: Стихофренија ̶ читање своја поезија комбинирана со туѓа поезија, проза или мултимедијално претставување (настап на десетина македонски поети и гостите од странство). Во друштво на мртвите поети – тематска вечер во чест на битовата поезија ― читање битова и своја поезија адаптирана во тој стил и, секако, придружени од џез-музичари (настап на десетина македонски поети и гостите од странство и шестмина џез-музичари). Интернационално читање – досега имавме обезбедено 5 странски поети меѓу кои и Марам ал-Масри и Моника Херцег, кои планиравме да бидат во друштво на еден истакнат македонски поет. Сакавме тоа да биде Богомил Ѓузел, но ги чекавме резултатите од Конкурсот пред да стапиме во контакт со него.Понатаму, планиравме да имаме Поетски саем на книгата што ќе трае 3 дена; исклучиво за стихозбирки од повеќе издавачи. Изложба на постери, цртежи и слики инспирирани од поезијата на поетите-учесници на фестивалот, изработени од најмалку петмина ликовни уметници и дизајнери. Работилница по креативно пишување поезија/ Мастерклас, одржана од Ким Симонсен, поет и редовен професор на Универзитетот во Амстердам, вонреден професор на Универзитетот во Берген, во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ― Скопје, кој вакви предавања како визитинг професор одржал и на универзитетите во Стенфорд, Колумбија и Оксфорд. Диско поезија, односно, пиџеј сет подготвен од Сергеј Тимофеев од Латвија со комбинирање читање поезија со ритам и музика, за крај на официјалната програма на фестивалот. И уште многу други интересни и провокативни содржини.Би потенцирала тука дека со проектов аплициравме и минатата година, но идејата настана периодот додека конкурсот беше отворен, па за кусиот период не успеавме да срочиме силна, прецизна и издржана програма и затоа, кога лани бевме одбиени од Министерството за култура, не реагиравме јавно.Овој пат програмата и апликацијата беа изработени со многу внимание, прецизно и јасно, имајќи го секој детаљ предвид, но стручната комисија одлучила (од за нас уште непознати причини) дека овој проект според нивните критериуми не заслужува поддршка (дури ни минимална).Се надевам дека овој пат, покрај стандардното објаснување дека не станува збор за проект од национален интерес, ќе добијам и детално објаснување зошто е тоа така ― точка по точка, од критериумите подолу. Ако не за друго, барем да знам како треба, за следниот пат.Критериумите се следните:1. ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО – РЕФЕРЕНЦИИ (Приоритет на Конкурсот имаат млади до 35 години кои досега не реализирале проекти преку Министерството и тие ќе се поддржат со 10 бодови) – 10 бодови2. Содржина на проектот. Усогласеност на проектот со приоритетите на Конкурсот – 20 поени3. Квалитетот на содржината на проектот – 30 поени4. Човечки ресурси – професионални капацитети (од приложени биографии број и организираност на работата) – 25 поени5. План за спроведување: Прецизност и ефикасност на спроведувањето на проектот – 5 поени6. Оправданост на финансискиот план – 20 поениМоето искуство и искуството на Ѓоко веќе ги споменав, а што се однесува на младите автори, во апликацијата стоеја и имињата на Андреј Ал-Асади, Викторија Ангеловска, Лира Бојку и други млади, но исклучително квалитетни автори.Беше детално опишана содржината, беа приложени биографии од сите нас споменати погоре, а секако, беше испратено и Писмо за согласност од МКЦ – Скопје, значи на располагање го имаме и нивниот искусен тим, како и препорака од проф. д-р Владимир Мартиновски, кој ќе ја води работилницата за поезија заедно со Ким Симонсен.Буџетот беше внимателно изработен, со минимални трошоци да се покрие тридневниот фестивал на кој требаше да учествуваат 15-ина поети, најмалку 5 ликовни уметници, шестмина музичари, продажни лица за саемот на книгата, трошоци за подготовка на рекламните материјали, печатење на уметничките дела и уредување на ликовната изложба, видеопроекции (куси поетски филмови), патни трошоци, трошоци за сместување и оброци за гостите од странство итн.И еве нѐ, невидливи за институциите и комисиите на Министерството за култура по вторпат!Сепак, ние сме чудни билки, фестивалот, очекувано, со измени во програмата, ќе се одржи, благодарение на скромната поддршка од Град Скопје и помошта од Младинскиот културен центар, а се надеваме дека ќе добиеме поддршка и помош и од вас, нашите пријатели.И сосема за крај, по разгледувањето на резултатите од Конкурсот, се чини дека со копи-пејст не се служеле само апликантите и, жалам, но потребно е малку повеќе познавање на состојбите на теренот за да се увидат разните неправилности што уште се тука, или ако повеќе сакате, „дупките во системот“ се оддалеку видливи. Па, во духот на завршната реч на министерката за култура, би додала – ако сакаме да ја сочуваме културата, пред сѐ мора да умееме да ја препознаеме, а потоа и соодветно да ја поддржуваме, и ова не се однесува само на институциите, туку на секој еден од нас!, напиша Величковска.
Кон резултатите од годишниот Конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2021 г.
Веќе долги…
Posted by Julijana Velichkovska on Wednesday, February 24, 2021
Comments are closed for this post.