Македонски поет, писател и есеистичар Ѓоко Здравески на својот фејсбук профил реагираше на објавените резултати од Годишната програма на Министерството за култура.

Кога ги завршивме Асталните проекции, со Ана си рековме дека сакаме некогаш да правиме фестивал, бидејќи Скопје е главен град без фестивал за поезија. И еден ден се појави Јуле кај мене на работа – тогаш работев во библиотеката на Катедрата за македонски јазик – и ми кажа дека и таа сака да прави поетски фестивал во Скопје – бидејќи Скопје е главен град без фестивал за поезија – и дека бара верна дружина. И си најде Јуле верна дружина.

Јас, да се пофалам, знам да гледам и да следам кога ќе видам дека некој знае да води, а Јуле, богами, знае да води, а и намерите ѝ се чисти. Ги извади Јуле сите идеи на астал, ги имаше многу, ѝ ја видов јас визијата, јасна и гласна, и си реков, па ова веќе постои, треба само уште да се случи. Имаме идеи еден куп, имаме искуство еден куп, сме биле по светов, сме прошетале, сме виделе како се прави тоа и кај нас, ама и по Франции, Англии и по други разноразни ми ти Европи, има меѓу нас луѓе што се родени на сцена, има луѓе од нас што знаат да пеат, да свират, да цртаат, што уште ги држи ентузијазмот, па прават работи од чист ќеф, од убаво, зашто за ќеф и за убаво се дојдени тука, има луѓе што тоа го препознаваат, што знаат да ги држат конците, па сакаат да ни бидат домаќини, да ни дадат сцена за да си напрајме убаво и себеси и на другите. И си рековме сите заедно: ова ќе го биде сигурно, оти веќе постои, а како ќе го биде, ќе видиме.
Од мене толку – иако има уште многу за кажување – другото Јуле ќе ви го раскаже.
Си беше еднаш едно Министерство за култура во фиљан-фиљан земја Македонија…напиша Здравески.

Кога ги завршивме Асталните проекции, со Ана си рековме дека сакаме некогаш да правиме фестивал, бидејќи Скопје е главен…

Posted by Ѓоко Здравески on Wednesday, February 24, 2021