Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 343 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица, а бројот на активни случаи е 2.201, објави Националниот штаб.
Меѓу нив, 786 пациенти се во болница, од кои 67 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, вкупно 240.360 лица заболеле, од кои 5.462 починале, 232.697 лица оздравеле, од кои 240 во последните 24 часа.
Во моментов има 11.384 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.313.573 лица, од кои 6.879 во последните 24 часа.
Comments are closed for this post.