Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска изјави дека пандемијата на коронавирус во Германија стагнира откако неколку недели била во опаѓање, додавајќи дека Ковид-19 едноставно не се предава.
Сопоред него, причина за загриженост не се само мутациите на вирусот, туку и фактот што бројот на инфекции на дневна основа стагнира.
„Иако германската јавност бара олеснување на мерките и повторно отворање по строгата блокада, важно е да продолжиме внимателно со ова за да не го загрозиме постигнатото“, посочи Шпан.
Бројот на нови инфекции на 100.000 жители во текот на изминатите седум дена изнесува 56,8 на национално ниво, иако е малку помал од претходниот ден (57,1 процент), соопшти Националниот институт Роберт Кох.
Во последните неколку дена нема видливо намалување на бројот.
Сојузната влада и 16. германски сојузни покраини имаат зацртано намалување на инциденцата на инфекција под 50.
Посериозни чекори за ублажување на мерките треба да се преземат кога тој број ќе падне под 35.
Comments are closed for this post.