Владата на 46-тата седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку механизмот Ковакс за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.
За спроведување на набавката вакцината мора да биде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО.
Comments are closed for this post.