Бојко Ноев, поранешен бугарски министер: Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“

18.02.2021 / 14:24


Поранешниот бугарски министер, Бојко Ноев, вели дека Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“, ако веќе има и за другите, пренесува „Дојче Веле“.

Давам пример – клучно прашање во контекст на правата на Бугарите во Македонија: претстои попис. Поставила ли Бугарија некакви прашања во врска со тоа пребројување? Прашалниците, според законот, ќе бидат на седум јазици: на македонски, таканаречен, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Нема бугарски. Што значи тоа? Дека македонскиот всушност е бугарски, или дека е дискриминиран голем дел од населението, од народот на Република Cеверна Македонија? Јас го мислам второто. За разлика од некои бугарски политичари, јас не сметам дека сите Македонци се Бугари. По прашањето за идентитетот сум категоричен дека има македонски идентитет кој е создаден во последните десетлетија, дека има луѓе кои говорат на јазик што тие сакаат да си го нарекуваат македонски – и во тоа нема никаков проблем. Јас сум категорично против, кога на Бугарите во Република Cеверна Македонија им се забранува да се изјаснат како Бугари, па се репресирани тие, и нивните деца. Бугарија треба категорично да и го постави прашањето на Република Cеверна Македонија: Ние сакаме Бугарите во Македонија да бидат пребројани. И не само да бидат пребројани, туку да не бидат дискриминирани, ако има графа за другите, сакаме да има и графа „Бугари“, вели Ноев.

Потенцира дека Бугарија сака Бугарите во Македонија да бидат рамноправни и дека тоа е меѓународна норма, која е заведена во сите документи на ЕУ. Според него, без тоа – не постои начин да се продолжи.

И бидејќи за историјата ќе биде потребно време, ќе треба време да се расчистат учебниците, така што правата на Бугарите во Cеверна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес, вели Ноев, додавајќи дека „некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи”.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)

пред 2 дена
Регион

Mило Ѓукановиќ поседува оружје како за мала војска (ФОТО)

пред 4 дена
Регион

Косовците сакале да го убијат Гренел!?

пред 5 дена
Регион

Европските лидери немаат план за брз прием на Украина и земјите од Западен Балкан во втората лига на ЕУ

пред 2 недели
Регион

KФОР демантира дека од Бондстил се лансирани ракети кон Иран

пред 2 недели
Регион

Eдна од потенцијалните ирански мети се наоѓа на 65 километри од Скопје!

пред 2 недели
Регион

Српски авион евакуираше Македонци од Египет

пред 2 недели
Регион

Часовник од 100.000 евра во Белград се расипа за неколку дена (ФОТО)

пред 2 недели
Регион

Се тресе банката на семејството Ѓукановиќ

пред 3 недели
Регион

Волкот Неџати е најпознат криминалец од Балканот (ФОТО)

пред 3 недели
jojobet girişjojobetjojobet girişJojobet Casino Sitesicasibomjojobet