Пратеникот од опозицијата Љупчо Пренџов истакна дека ситуацијата во Македонија со задолжувањето на државата е алармантна.

Тој го своето гостување во утринската емисија на Алфа телевизија посочи дека државата секојдневно се задолжува со милионски суми за разни проекти и реформи кои не се спроведуваат како што треба.

Утре по скратена постапка на собраниската Комисија за здравство се предлага задолжување 500 милиони евра за изградба на нов клинички центар. Велат бидејќи материјалот не е обемен не требало дебата за тоа. Немаат допир со секојдневните проблеми на граѓаните. Имаа готов проект, тендериран. Ова задолжување е многу сериозна работа. Ќе не боли глава генерации и генераци во иднина, истакна Пренџов.

Пратеникот посочи дека во собраниските дневни редови најголемиот дел од материјалите се извештаи за задолжувања или нови задолжувања.

21.500.000 милион евра се зема за основно образование. Ќе помислите дека се земени за градење училишта, за опремување. Само 10 милиони евра се за вистинска реконструкција и подобрување на условите. Останатите поголем дел од парите се за консултантски услуги, телефони, превоз, а одат како реформи за образование. Ние ниедна реформа која се прави не се прави без задолжување. Не може да се фати крај како енормно се задолжуваме. Никој не знае колку ние сме задолжени. Отчет не дава никој, вели тој.

Пренџов нагласи безобразието пред се на економските мерки на владата е големо.