Членките на Асоцијацијата ИВАП кои се директно вклучени во организацијата на настани не се задоволни од петтиот пакет економски мерки што вчера го презентираше Владата.
Мерката 11 од овој пакет која е наменета токму за овој сектор, според Асоцијацијата, не е воопшто помош, ниту пак може да помогне во надминувањето на сегашната состојба во која се наоѓа оваа индустрија.
Во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош, туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат?, прашуваат од Асоцијацијата.
Во денешната реакција, Асоцијацијата потсетува дека настаните биле први забранети како мерка за спречување на ширењето на пандемијата. Точно цела година, велат од Асоцијацијата, се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми.
Во периодот што следи, ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно се со цел да ја спасиме нашата индустрија, велат од Асоцијацијата.
Comments are closed for this post.