Хрватска и Словенија од денеска ги олеснуваат рестриктивните мерките за спречување на ширењето на ковид-19.
Хрватските власти дозволија од денеска кафулињата да почнат со работат, но со тоа што ќе продаваат само пијалаци „за носење“. Не е дозволено да се влегува внатре, а оние кои чекаат ред да бидат услужени треба да одржуваат дистанца од два метри. Не смеа ниту да се седи на терасите од кафулињата.
Дозвола за работа имаат и спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувалници.
Олеснувањето на мерките во Словенија, пак, се однесува на укинување на забраната за патување меѓу општините и регионите. Се отвораат и продавниците, но под услов вработените да имаат негативен тест и со обврска да се тестираат еднаш неделно.
Собирите кои досега беа дозволени само во рамки на семејствата и членовите на исто домаќинство, сега се дозволени за групи до 10 лица.
Укинати се и ограничувањата во областа на спортот и рекреацијата со дозвола на бесконтактни тренинзи за поединци и групи до десет спортисти, а спортските настани засега остануваат без гледачи. На сила, пак, останува полицискиот час од 21 до 6 часот.
Comments are closed for this post.