Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште денешното судење за предметот „Шпански скали” почна одново. Прво обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на повторните воведни зборови рече дека не се чуствува виновен и дека докрај не му е јасно обвинението.
Слични изјави дадоа и другите обвинети, кои меѓудругото посочија дека не им е јасно за што се обвинети.
Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.
Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.
Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра
Comments are closed for this post.