Во Бугарија вонредната епидемиолошка состојба е продолжена до крајот на април поради ширењето на заразата со коронавирус.
Во изминатите 24 часа се потврдени 1.111 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се потврдени вкупно 224.849 случаи на зараза, покажуваат податоците на бугарското Министерство за здравство.
Во текот на изминатиот ден починаа 89 пациенти заболени од коронавирус, а вкупно 9.420 лица починаа од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата ТАСС.
На болничко лекување има 3.057 пациенти, од кои 274 се на одделите за интензивна нега.
Comments are closed for this post.