ВМРО-ДПМНЕ ги достави потписите за иницијативата за поништување на Законот за попис

08.02.2021 / 13:52


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис.

-Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, истакна на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ, како што додаде, во повеќе наврати укажала дека имаме лош и штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија.

-Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени, рече Сајкоски

Опозициската партија, повтори тој, укажала дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес на попишување.

-Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија, рече Сајкоски.

Тој рече дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Вреди стана една партија

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам

пред 1 ден
Македонија

Таравари бара од споменикот за Вејце да се тргне натписот „албански терористи“

пред 1 ден
Македонија

Во СДСМ обожаваат власт без никој да ги избере-затоа „плачат“ за Техничката влада

пред 2 дена
Македонија

Кои се условите за златна виза: Инвестиција во Дубаи од минимум 550.000 американски долари

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Заев кандидат за Оскар за филмот „Како го променив името на сопствената земја

пред 3 дена
Македонија

Ако не се донесе Изборниот законик, на следните избори ќе се оди со стариот

пред 3 дена
Македонија

Значи сепак имал: Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент

пред 3 дена
jojobet girişhacklinkJojobet GirişJojobet GirişCasibomiptv satın alMadridbetMadridbetkatlaCasibom GirişMarsbahis GirişCasibom GirişenbetHoliganbet Giriş