Власта откри генијална идеја како бројките на заразени и починати да изгледаат помалку. Па така, наместо како досега дневниот пресек да се прави еднаш во денот, најчесто во попладневните часови, сега тоа го прават двапати.

Целта е расцепканите бројки да не изгледаат толку големи во ситуација кога вакцини нема ниту на повидок.

Па така Министерството за здравство денеска најпрво излезе со информација дека 22 лица се хоспитализирани а 266 сомнителни.

 

Но по само неколку часа излегоа нови поразителни бројки за осум починати и 199 новозаболени.